Чешка се подготвува да ја блокира Албанија на патот кон ЕУ

Од:

Чешка се подготвува да го блокира доделувањето на статусот кандидат за членство во Европската Унија на Албанија, поради спорот со енергетскиот гигант ЧЕЗ, објавија чешките медиуми. повикувајќи се на високи извори во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, на ЧЕЗ минатата година и беше одземена лиценцата во Албанија и поради тоа се води постапка пред меѓународниот арбитражен суд.

Европската комисија препорача Албанија да го добие статусот земја-кандидат за ЕУ, за што ќе се решава на Самитот на ЕУ на крајот на јуни, а Чешка се спрема ова да го блокира, бидејќи немало напредок во разговорите меѓу Тирана и ЧЕЗ во Виена.

Според владини извори во Прага, Чешка пред извесно време испратила сигнали до Албанија дека спорот би можел да има влијание на добивањето кандидатски статус, кој треба да биде одобрен од сите 28 земји-членки на ЕУ.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека Чешка во целина поддржува проширување на ЕУ на Балканот.

– Чешка секако во оваа смисла ќе ја интересира прашањето на заштита на странските инвестиции во Албанија, прашањето на стабилноста на  деловното опкружување, прашањето на борбата против организираниот криминал, додаде Соботка.

Премиерот потенцираше дека секоја земја која ќе добие кандидатски статус би требало да ги исполнува условите и дека тоа ќе се разгледува и во случајот со Албанија.

ЧЕЗ во Албанија во 2009 година купи 76 проценти од  „Албанската ерлектроенергетска корпорација“ (КЕШ), но лани во јануари и беше одземена лиценцата за работа со образложение дека не обезбедува доволно енергија и не неинвестирала во енергетската мрежа.

Подоцна, чешката компанија покрена меѓународна арбитража против Албанија барајќи оштета заради незаштитување на инвестицијата вредна 102 милиони евра во албанскиот дистрибутер за електрична енергија „Шперндарја“.

Компанијата ЧЕЗ преку портпаролката Барбора Пулпанова порача дека  нема да го коментира ставот на чешката Влада.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски