Чавушоглу ја обвини Германија за поддршка на терористички групи

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу го обвини Берлин дека и дозволува на Курдската работничка партија (ПКК) и на левоекстремистичката Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С) неказниво да дејствуваат на германска територија.

– ДХКП-С и ПКК извршуваат терористички активности во Германија, но тие ги поддржуваат бидејќи се против Турција. Германија е земјата, која најмногу ги поддржува терористичките организации против Турција, изјави Чавушоглу на прес-конференција во Анкара.

– Германија смета дека е првокласна држава, првокласна демократија и дека Турција е од втора класа. Сакаме кон нас да се однесуваат како кон рамноправни партнери, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски