Целибаши: Изборниот ден во Албанија помина во мирна атмосфера

Од:

Наспроти тензичната изборна кампања, денешниот изборен ден во Албанија помина без проблеми.

По затворањето на гласачките кутии во 19 часот претседател на Централната изборна комисија (ЦИК), Илирјан Целбаши на прес-конференција не го криеше задоволството од мирниот тек на изборниот процес.

– Изборниот ден мина во мирна атмосфера. Денот може да го оцениме како успешен. Проблемите што се појавија околу електронска идентифкација не влаеја врз текот на гласањето. Ваквиот вид идентифкација се случува за првпат тоа во глобала успешно го реалзираме, исто како и електронското гласање во едено избрачко место во Тирана, што беше пилот проект, рече Целибаши.

Тој побара смиреност, да не се манипулира со изборни резултати и да се почне веднаш со пребројување на гласачките кутии.

Во единствениот избирачки запишани беа 3.588.869 лица со право на глас, од нив 107.024 првпат имаа можност да гласаат. Се гласаше на 5.199 гласачки места во 12 изборни единица, каде треба да бидат збрани 140 пратеници.

Според Целибаши иако конечниот процент на излезност не е познат, може да се очекува тој да биде околу 48 отсто.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици