Бушати: Албанската платформа да влезе во Уставот на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во интервју за бриселскиот интернет-портал „Еурактив“ ја коментираше и состојбата во Македонија и вмешувањето на неговата држава во внатрешните работи на својот сосед преку т.н. тиранска платформа, јави дописникот на МИА од Брисел.

Притоа, Бушати порача дека очекува оваа платформа да влезе во македонскиот Устав, со цел да даде позитивни резултати за „Македонците и Албанците“.

– Јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците, вели Бушати.

Со оваа изјава, албанскиот шеф на дипломатијата потврдува дека целта со таквата платформа е промена на македонскиот Устав. Тој исто така тврди дека „не постои тиранска платформа, туку постои документ што е напишан од страна на три од четири албански политички партии кои се присутни во актуелниот Парламент во Македонија“, а дека тој документ е поддржан од Тирана.

– Ние го поддржуваме документот, бидејќи сметаме дека во овој документ јасно се наведени напорите од страна на Албанците прво да се задржи Македонија обединета. Второ, со него се бара подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, трето за спроведување на договорот од Пржино и четврто да се деблокира патот на Македонија кон НАТО и кон ЕУ со нормализирање на односите со Грција и со Бугарија, а се разбира и со Албанија, Македонија и Косово како соседи, посочува Бушати.

На забелешката од новинарот на „Еурактив“ во интервјуто, дека со официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија се менува уставниот поредок на земјата, а Македонија не е федерација, туку унитарна држава, министерот за надворешни работи на Албанија со одговор:

– Јас не знам како овој аргумент, со албанскиот јазик како службен јазик, е еднаков со федерализација на земјата. Но, ако некој се однесува на Охридскиот договор и се изворот на спорови меѓу Македонците и Албанците во Македонија, јасно е дека спроведувањето на обврските од овој договор е на ниско ниво, вели Бушати.

Албанскиот министер во интервјуто посочува и дека имало тенденција на екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски, како и на другите, „да ги сметаат Албанците како сезонски работници во сопствената земја“. Бушати вели дека „нема сериозни напори за да се обезбеди меѓуетничка хармонија во земјата“ и дека „во текот на последните пет до шест години, општеството е повеќе поделено по етнички линии“.

На прашањето што мисли со тоа кога вели дека Албанците се третирани како „сезонски работници“ од страна на Груевски, Бушати одговора дека „ако некој ги чита неговите изјави, ова е сосема јасно, дека тој дава повеќе внимание на создавањето на работни места“. На, ова тој се надоврзува со забелешката дека „поважно е создавање на погодна средина за подобра меѓуетничка хармонија и за хармоничен економски развој на земјата“.

– Ако патувате во Македонија, веднаш ќе ги видите разликите и јазот што постои меѓу заедниците, а кој треба да биде премостен. Начинот на кој се направени инвестициите, начинот на кој се поделени ресурсите и богатството, начинот на кој етничките групи се застапени во јавниот живот, сето тоа треба да се прилагоди на постепен начин, додава Бушати.

Во интервјуто, министерот за надворешни работи на Албанија, исто така, споменува дека на Балканот постои страв од формирање на трибунали, притоа споменувајќи ги Специјалните обвинители во Црна Гора, Македонија и во Косово, чии обвиненија, според Дитмир Бушати, би требало да ги процесуираат трибунали.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент