Бушати: Албанија е подготвена за почеток на преговорите за членство на ЕУ

Од:

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека Албанија ги завршила зададените обврски и оти е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Тој нагласи дека сега одлуката зависи од земјите членки на Унијата, посочувајќи дека неколку од нив го условуваат проширувањето поради „нивни внатрешни дебати“.

– Албанија е подготвена за почеток на преговорите, но се тоа зависи од политичката одлука на земјите членки, бидејќи неколку од нив, иако немаат забелешки за нашата земја, сепак се противат на проширувањето на ЕУ поради внатрешни прашања, изјави Бушати на средба со студенти по политички науки и право, нагласувајќи дека Албанија е во постојан дијалог со овие скептични земји.

Шеф на албанската дипломатија исто така истакна дека почетокот на преговорите ја става земјата на долг пат со многу големи предизвици за продлабочување на реформите и призна дека може да има отпор од опозицијата и апелираше до неа да биде поконструктивна.

Две недели до Самитот на Унијата на која се очекува одлуката за почеток на преговорите, министерот Бушати пред студентите зборуваше и за предностите, но и за задачите што ќе ги има Албанија, доколку ЕУ донесе позитивна решение, ставајќи акцент на можностите за многу повеќе средства, но и за подетално следење на реформите.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент