Бугарското Специјално обвинителство го повика политичарот Николај Малинов за предметот со шпионажа во корист на Русија

Од:

За случајот од пред две години, со шпионажа во корст на Русија, во бугарското Специјално обвинителството се повикани Николај Малинов и неговиот адвокат, за да се запознаат со прецизираното обвинение за предметот, јави приватната телевизија БТВ.

Според адвокатот на Малнов, случајот има материјал за 50 тома.

Малинов, пак, за софискиот весник „24 часа“ потврди дека бил повикан да се запознае со обвинението, изјавувајќи дека целта на повикот е предизборна, бидејќи тој ќе учествува на парламентарните избори, закажани за 4 април, со својата нова партија „Преродба на татковината“ , поради што тој се откажа од претседателството со русофилското движење.

Младенов есента 2019 година Малинов беше обвинет за шпионажа во корист на Русија, заедно со уште тројца поранешни политичари и левичарски интелектуалци во Бугарија. Според обвинението, тој добил пари за шпионажа од поранешниот агент на КГБ во Софија, Леонид Решетников. Решетников, во меѓувреме, од бугарските власти доби 10-годишна забрана за влез во земјата.

Според обвинението, Малинов често се состанувал со рускиот олигарх Константин Малофеев и поранешниот разузнавач Решетников и заедно правеле планови како геополитички да ја преориентираат Бугарија од Запад кон Русија. За таа цел, со помош на банкарот Цветан Василев, кој неколку години се крие во Белград, требало да ги „освојат “ претпријатијата финансирани од банкротираната банка КТБ, а профитот од нив да се искористи за купување медиуми и формирање политичка партија која директно ќе влијае врз политиката во Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит