Спомениците на бугарски историски личности во Скопје се најубедлив аргумент дека чествуваме заедничка историја.
Ова го изјави во интервју за бугарската агенција “Фокус” бугарскиот премиер Марин Рајков во врска со откривањето на новите споменици на историски личности, кои, според него, се дел од бугарската историја во Република Македонија.
– Не е во мој стил да реагирам негативно за секоја порака на активностите на Скопје. Веќе јасно кажав дека ќе ја разгледувам оваа соседна земја како сестринска Република, со која делиме заедничко минато и треба да делиме заедничка иднина, посочи Рајков.
– Никој нема сомневање дека Христо Татарчев е Бугарин, а тоа биле и Гоце Делчев, Даме Груев, Борис Сарафов и Тодор Александров, рекол Рајков.