Бугарскиот премиер Петков заминува во посета на Ватикан и Италија

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков заминува во посета на Ватикан и Италија, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Посетата е по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, словенската азбука, образованието и културата и словенската литература – 24 мај, а премиерот и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Константин-Кирил филозоф. Литургија ќе отслужи о неговото Високопреосвештенство Митрополитот Западно-Средноевропски, Антониј. Потоа Петков и бугарската делегација ќе се поклонат на моштите на св. Кирил.

Папата Франциск ќе се сретне со бугарската делегација во Апостолската палата во Ватикан, по што Петков ќе оствари средба со државниот секретар на Светата столица – кардиналот Пјетро Паролин.

Во базиликата Свети Петар премиерот ќе положи венец на олтарот на Св. Папата Јован Павле Втори, единствениот словенски папа во историјата на Римокатоличката црква.

Бугарскиот премиер за време на посетата на Италија ќе се сретне и со неговиот колега Марио Драги. Двајцата шефови на влади ќе разговараат за билатерални прашања и актуелни теми од европската агенда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама телефонски разговарал со Борисов за решавање на прашањето на бугарското малцинство во Албанија

Ана Ололовска

Бугарското собрание го усвои францускиот предлог и формула дека не постои македонски јазик

Орце Костов

Рама му одговори на бугарското МНР: Пријатели смирете се – тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!

Ана Ололовска

Бугарското МНР остро реагира на изјавата на албанскиот премиер Рама

Ана Ололовска

(ВО ЖИВО) Народното собрание во Бугарија расправа за францускиот предлог кој Македонија го одби

Орце Костов

Први случаи на заразени со мајмунски сипаници во Бугарија

А1он