Бугарскиот Евро-атлантски центар за безбедност предлага да се обноват разговорите за членство на Украина во Алијансата

Од:

Анализата на Евро-атлантскиот центар за безбедност во Софија предвидува дека најверојатното сценарио за инвазија на руските трупи во источна Украина, ќе ги повтори настаните од Грузија во 2008 година.

Дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на анализата на Центарот, предвидува Киев да не треба да дава повод со обвинувања за агресија, бидејќи токму тоа им треба на руските власти во Кремљ за почнување воена операција од големи размери за елиминирање на Украина. НАТО, САД и ЕУ стојат цврсто зад мирот и територијалниот интегритет на Украина и треба да почнат моќна дипломатска офанзива за да ја одвратат Русија.

Во врска со ескалацијата на настаните во Доњецк, експертите од Евро-атлантскиот центар за безбедност изразија мислење дека Бугарија треба да ја осуди ескалацијата на конфликтот во Донбас и особено непредвидениот раст на руската воена моќ во областа. Според нив, бугарското Министерство за надворешни работи треба да ги осуди овие постапки, а владините служби и особено оние во безбедносниот сектор треба да го насочат своето дополнително внимание на ситуацијата во Украина.

Никако не е случајно што голем број медиуми и во Русија и во Европ веќе предвидуваат дека односите меѓу Украина и Руската Федерација се „на работ на војна“ меѓу двете земји. Анализата вели дека НАТО треба да развие стратегија за Украина со заживување на сојузничката дискусија за статусот на земјата во врска со нејзиното можно членство во Алијансата.

Шеф на евроатлантскиот центар за безбедност во Бугарија е поранешниот министер за внатрешни работи и вицепремиер Цветан Цветанов, кој беше најблизок политичар до премиерот Бојко Борисов во владејачката партија ГЕРБ до 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит