Бугарија прогласи делумна вонредна состојба во областите во близина на границата со Турција поради прилив на мигранти

Од:

Поради зголемениот миграциски притисок, прогласена е делумно вонредна состојба во три југоисточни региони во Бугарија во близина на границата со Турција, Бургас, Хасково и Јамбол. Ова во Мало Трново го соопшти службениот министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на овој начин ќе се олеснат процедурите за итна санација на шумските патишта кои водат до граничната бразда со Турција.

Според Демерџиев, 50 отсто од опремата на Граничната полиција е компромитирана поради браздите што се формирале на патиштата. На овој начин, според него, станува потешко да се чува границата и да се пресретнуваат мигранти.

Од денеска заеднички патроли на граничната полиција на Бугарија и шумски службеници истовремено ќе ја следат илегалната трговија со мигранти и илегалната сеча, најави службениот министер за земјоделство на Бугарија Јавор Гечев, кој беше со својот колега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит