Бугарија од 13 мај ја отвора сезоната за домашни туристи, во преговори и за странски

Од:

Домашниот туризам во Бугарија ќе продолжи на 13 мај, кога ќе заврши вонредната состојба, но не е познато кога земјата ќе почне да прима странски туристи.

Министерката за туризам Николина Ангелкова рече дека следната недела ќе почне постепено отворање на малите пансиони и хотели, кои мора да се придржуваат на здравствените мерки против ширење на вирусот.

Таа додава дека за големите туроператори Бугарија спаѓа во групата на ниско ризични дестинации, бидејќи, како што рече, „одлично се носи со последиците од заразата и на време ги презеде мерките за изолација“.

– Во преговори сме со Полска, Германија, Чешка, Романија, Грција, Украина, Израел, Молдавија, Србија, Северна Македонија, Турција и други земји кои покажале интерес за Бугарија како летна дестинација, рече министерката Ангелова.

Таа истакна дека Бугарија се надева на туристи од соседните земји, кои најчесто користат патен транспорт.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме