Бугарија и САД потпишаа документи околу 5Г мрежите и нуклеарната енергија

Од:

Бугарија и САД, во присуство на бугарскиот премиер Бојко Борисов и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се вклучи преку видеоконференциска врска, денеска потпишаа клучни документи од областа на безбедноста на 5Г мрежите и нуклеарната енергија за граѓански цели, јави БГНЕС.

Помпео ја истакна „одличната работа направена во рамките на подготовките за изградба на мрежите од петтата генерација“ и изрази уверување дека со потпишувањето на декларацијата ќе се обезбеди целосна безбедност на евро-атлантското семејство.

Тој ја истакна и заедничката работа на Бугарија и САД и постигнатите резултати во други области, за кои рече дека ќе имаат „моќен ефект“.

Според Помпео, заштитените мрежи за 5Г технологија ќе им овозможат на сите заинтересирани оператори да бидат обучени да работат на таков начин што ќе обезбедат безбедни мрежи не само за Бугарија, туку и за земјите-членки на ЕУ и НАТО.

Борисов рече дека денеска е потпишана декларација за исклучително важни области.

– По нашата посета на Белата куќа, за време на разговорите со претседателот Трамп, потпретседателот Пенс, државниот секретар Помпео, Владата на САД, денеска потпишуваме декларација за безбедноста на 5Г мрежите и меморандум од областа на нуклеарната енергија за цивилни цели. Ова се исклучително важни области, рече Борисов.

Во однос на енергетиката, Бојко Борисов истакна дека до денеска има вистинска диверзификација на стратешката суровина природен гас.

– Со многу брзо темпо, успеавме да купиме 20 отсто од акциите на терминалот за течен гас во Александрополис, рече Борисов.

Според него, „гасоводот Грција-Бугарија се гради со полна брзина, преку кој може да се пренесува течен природен гас од различни извори“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

Песков: Русија и САД имаат многу работа за решавање на украинската криза