Бугарија ги укина задолжителните ПЦР тестови за патниците од Србија и Турција, мерката останува во сила за Македонија

Од:

Бугарското министерство за здравство соопшти дека државјаните на Србија, Турција и Белорусија од вторник можат да влезат во државата без обврска да приложат задолжителен негативен ПЦР тест.

Исто така, поништена е наредбата за задолжителен карантин за патниците од овие три земји при влез во Бугарија, соопштија здравствените власти.

Новите прописи стапуваат на сила со одлука на министерот за здравство.

Македонија и натаму останува на листата на високоризични земји од аспект на пандемијата на коронавирусот, која бугарската влада ја надополнува и објавува на секои две недели. За патниците од земјава, на влез во Бугарија е задолжителен негативен ПЦР тест за коронавирус, не постар од 72 часа.

Бугарија во јули неколку недели воведе привремена забрана за влез на нејзината територија за сите лица од Македонија, како резултат на лошата епидемиолошка ситуација со Ковид-19 во земјава.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8