Бугарија до крајот на 2016. ќе врати најголем дел од долгот за „Белене“

Од:

До крајот на оваа година Бугарија ќе го врати најголемиот дел од долгот кон Русија поврзан со пропаднатиот план за изградба на нуклеарната централа „Белене“, соопшти рускиот заменик-мнистер за правда Сергеј Герасимов.

Во интревју за ТАСС, дадено по вчерашната средба на Бугарско-руската меѓувладина комисија за економска и научно-техничка соработка во Варна, Гересимов нагласи дека главна тема на разговорите било прашањето за компенација на трошоците и загубите, што ги претрпе Русија со откажувањето на проектот за изградба на нукеларката „Белене“ од бугарска страна.

Согласно одлуката на Арбитражниот суд, поради откажувањето на проектот Бугарија на Русија треба да и исплати обесштетување од 620 милиони евра,

На средбата во Варна било договоорено најголем дел од оваа сума, односно 400 милиони евра, Бугарија да ги испалти до крајот на 2016 година.

– Секако дека оваа сума е релативно голема за бугарската држава, но сепак најдовме решение за отплата на овој долг, изјави Герасимов, додавајќи дека тоа ќе биде извршено во неколку транши.

Герасимов нагласи дека на средбата бугарските претставници пројавиле интерес за понатамошна билатерална соработка во сферата на нукеарната енергија.

– Не станува збор само за нуклеарната централа „Козлодуј“, туку и за можноста за возобнова на проектот „Белене“, додаде Герасимов, нагласувајќи дека перспективите за ваквата соработка се „доста интересни“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит