Бројот на жртви во рудникот Сома нема да надмине 302 лица, изјави турскиот министер за енергетика

Од:

Турскиот министер за енергетика изјави дека максимум 19 лица се уште се заробени во рудникот Сома по инцидентот во вторникот, а бројот на загинати рудари нема да надмине 302 лица, пренесува турската приватна телевизија НТВ.

– Претпоставуваме дека бројот на жртви нема да надмине 301 или 302 лица, изјави Танер Јилдиз.

Вкупно 19 семејства јавиле дека имаат свој близок во рудникот и според проценките на властите максимум 19 лица се се уште заробени.

– Соодветно на тоа, сметаме дека може да го утврдиме конечниот број на жртвите во несреќата во рудникот на 300 или 301 лице, изјави Јилдиз, повикувајќи се на информации од блиските и регистрите на компанијата.

Министерот изрази надеж дека намалувањето на нивото на штетни испарувања во рудникот ќе го олеснат евакуирањето на рударите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски