Брод кој потона крај брегот на Турција бил украински, пронајдени телата на четири морнари

Од:

Бродот кој потона во близина на брегот на Труција за кој првично беше објавено дека е руски сепак бил од Украина. Несреќата се случила поради лошото време, за досега се пронајдени телата на четири морнари. Шестмина се спасени.

„Бродот потона поради лошто време. Пронајдени се четири тела,а шест луѓе се спасени. Поради лошото време потрагата е прекината“ – изјави гувернерот на провинцијата Синан Гунер.

Првично беше објавено дека бродот што потона во Црно Море е руски, за подоцна да биде објавено дека бродот пловел под знаме на Палау, а бил во сопственост на украинска компанија, а бродот бил отстранет од рускиот регитер во 1997 година.

Министерството за надворешни работи на Украина потврди дека во бродот имало 10 украински државјани, како и двајца Руси.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски