Брнабиќ прошета со својата девојка на парадата на гордоста во Белград

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета на Парадата на гордоста во Белград, а најави дека српската престолнина ќе се кандидира за европскиот прајд во 2022 година. Премиерката стигна со својата партнерка Милица Ѓуриќ.

Еуро прајд е најголемата парада во Европа на која се собираат и по повеќе стотина илјади учесници.

„Сакам да се заблагодарам на целиот тим што го организираше прајдот. Мислам дека денеска повторно се испраќа порака за мир, љубов и толеранција и тоа се вредности кои ние во Србија мораме да ги чуваме многу подобро и да ги промовираме. Мислам дека Србија се движи во вистинската насока и мислам дека стануваме се потолерантни. Секако дека постојат уште многу проблеми, но е важно дека секој ден малку по малку ги решаваме“, рече Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски