Брнабиќ: Дојавите за бомби се притисок врз Србија поради Русија

Од:

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ оцени дека бројните дојави за бомби во Србија се притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

-Ние даваме отпор 82 дена, ние сме единствената земја во Европа која нема воведено санкции кон Русија, дури и постојано неутралната Швајцарија ги воведе, дури и БиХ ги наметна, и ако за тоа не се прашаа сите што треба да се прашаат. Ние сме единствената земја која не воведе санкции и трпиме огромни притисоци, кои се страшни и секој ден стануваат се потешки, посилни и полоши, изјави Брнабиќ.

Таа оцени дека дојавите за бомбите се внимателно испланирани и оти тие „сигурно“ дошле од странство, што говори и тоа што една од дојавите стигнала до белградскиот Тропикариум за кој повеќето граѓани не ни знаат дека постои.

-Некој погледнал какви може да бидат сите туристички атракции, кај нас тропикариумот е мал и повеќето не знаат за него, што ви покажува дека некој го планирал тоа и дека доаѓа од странство, затоа што ако некој го смислил тоа од Србија, никогаш не би испратил дојава до тропикариумот, објасни Брнабиќ.

Таа кажа и дека невоведувањето санкции кон Русија е „исклучително скапо“, бидејќи главното прашање за инвеститорите стана зошто Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија, а како што истакна дополнително го забавува натамошниот раст на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули

Катерина Павлова-Николовска

Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции кон Русија

Ана Ололовска

Дачиќ: Разговорите за новата српска Влада се уште не се почнати, подготвени сме за соработка со СНС

Ана Ололовска

Еден загинат и седуммина повредени во вооружена пресметка меѓу мигранти во Суботица

Ана Ололовска

Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата

А1он

Вучиќ: Се планира општ напад на северот на Косово, одговорот ќе биде брз и решителен

А1он