Брисел: Формирањето нова црногорска Влада е позитивен чекор

Од:

Европската комисија смета дека формирањето нова влада на Црна Гора претставува позитивен чекор напред, по изборите во август и конституирањето на новиот Парламент, изјави вечерва портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандез.

– Ја поздравуваме посветеноста на новата Влада кон реформската агенда на ЕУ и со нетрпение очекуваме да работиме со црногорската Влада и парламентот на реформите и приоритетите поврзани со ЕУ, во интерес на сите граѓани, рече Писонеро Хернандез за ТВЦГ.

Таа истакна дека следните месеци мора да се искористат за продлабочување и забрзување на политичките и економските реформи, особено во областа на владеење на правото, каде следната пресвртница е исполнување на одредниците од поглавјата 23 и 24 во преговорите за пристапување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

ЕУ: На Русите им се потребни Севернокорејците, тоа покажува колку се очајни

Изгласана новата Влада на Србија

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора