Братушек: Членството во ЕУ на земјите од регионот е од најголемо значење

Од:

Идната потпретседателка на Европската комисија, Аленка Братушек изјави дека од новата позиција во ЕК ќе продолжи да го поддржува проширувањето на ЕУ.

– Моите ставови во врска со Западен Балкан се познати. Како словенечки премиер јасно заговарав дека перспективата за членство во ЕУ на земјите од регионот е од најголема важност. Не само за регионот, туку и за цела ЕУ, истакна Братушек во изјава за „Блиц“.

Таа нагласи дека нејзиното уверување дека земјите од Западен Балкан и припаѓаат на ЕУ нема да се менува, како и дека ќе поддржи државите од регионот брзо и ефикасно да се движат кон Унијата, која ќе остане отворена за нив.

Новиот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер ја предложи Братушек за еден од своите клучни соработници, а Европскиот парламент наскоро ќе се изјасни за ставот на Комисијата, која ќе почне со работа во ноември.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки