БПЦ нема да учествува на Саборот на патријарсите во Аман

Од:

Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека нема да испраќа свој претставник на Саборот на патријарси во престолнината на Јордан, кој во организација на Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети ќе се одржи на 26 февруари.

Во соопштението од бугарскиот Синод, кое го пренесува БГНЕС, се вели дека Синодот на БПЦ „ќе се воздржи од учество и нема да испрати свој претставник во Аман“

За средбата во Аман досега учество потврдија единствено патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати православни цркви категорично одбија да присуствуваат на средбата. Последниот кој не ја прифати поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на неделава.

Според најавите, на дневен ред на средбата ќе биде украинското прашање, кое предизвика голема поделба во православниот свет. Во обид да ги смири раскараните православни христијани поради автокефалноста на Украина, патријархот Теофил Трети, кој е во пријателски однос со кралот на Јордан Абдула Втори ибн ел Хусеин, во Аман ја организира средбата.

Според вселенскиот патријарх Варталомеј, кој ја одобри украинската автокефалност, иницијативата на ерусалимскиот патријарх е задоцнета и претставува закана по единството на Православната црква.

Би можело да ве интересира

Митрополитот Агатангел: Бугарската црква го оцрни македонскиот народ, грешка беше што побаравме да ни биде црква-мајка

A1on

Бугарската црква ќе ја признае МПЦ како „Православна црква на Северна Македонија“, не како Охридска архиепископија

A1on

Бугарската православна црква влегува во канонско единство со МПЦ

А1он

Топалов: Фатална грешка беше од БПЦ да не го прифати барањето на МПЦ да биде нејзина „мајка-црква“

Ана Ололовска

Николај Крастев: Ангажманот на вселенскиот патријарх за МПЦ е нормален чекор по молкот на БПЦ

Ана Ололовска

Бугарскиот патријарх Неофит: Бугарската црква и дава целосна поддршка на МПЦ

Ана Ололовска