Топалов: Фатална грешка беше од БПЦ да не го прифати барањето на МПЦ да биде нејзина „мајка-црква“

Од:

Членот на заедничката историска Комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија Кирил Топалов ја дефинираше како фатална грешка неподготвеноста на Бугарската православна црква (БПЦ) да биде „мајка-црква“ на МПЦ.

Тој ова го соопшти во интервју на ТВ „Бугарија он ер“ („Bulgaria on Air“), јави дописникот на МИА од Софија.

-Знам дека црковните експерти ќе го оспорат моето мислење бидејќи одвојувањето на Бугарската црква од Вселенската патријаршија беше исто така антиканонско и ние бевме во раскол. Сепак, Бугарската црква тогаш се оддели и стана наша национална црква. Ако тогаш не го стореше тоа, Бугарија денес немаше да има независна црква, рече Топалов.

Барањето на МПЦ, БПЦ да биде нејзината „мајка-црква“ беше значајно, коментира професорот Топалов.

-Немаше позначајно барање од тоа, смета професорот Топалов. Не можевме, како што рече, да сонуваме за такво нешто.

Според него, БПЦ слуша и други центри „што и велат, што и шепотат и што и порачуваат“.

– И руски и српски, но пред се руски, додаде тој.

-Ова ќе биде непоправлив грев на Бугарската православна црква бидејќи духовното приближување меѓу Бугарија и Северна Македонија на овој начин би бил предуслов во оваа насока, рече Топалов.

Би можело да ве интересира

Со светата литургија во Охрид, ПОА на Вранишковски припоена кон МПЦ

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Павлова-Николовска

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

Осветена првата македонска православна црква во Хрватска „Св. Злата Мегленска“

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија