Боздаг: Во турските затвори има над 1.600 малолетни лица

Од:

Во затворите и центрите за приведување во Турција се наоѓаат над 1.600 малолетни лица, соопшти турскиот министер за правда Бекир Боздаг, цитиран од весникот на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Боздаг прецизира дека во март вкупниот број малолетници зад решетки во земјата изнесувал 1.686 лица. Тој посочи дека во моментов се работи на подобрување на образованието на децата во затворите, како и на зголемување на укажувањето психолошка помош.

Најмногу малолетници во турските затвори имало во 2007 година – 2.148, информира „Хуриет дејли њуз”.

На крајот на јуни во извештај на пратеници на главната опозициска Републиканско-народна партија беа опишани серија случаи на насилство во малолетничкиот затвор во градот Адана, меѓу кои и сексуално насилство над затворениците, посочува весникот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски