Босанскиот министер за безбедност најави протерување на двајца ирански дипломати

Од:

Министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ изјави дека ресорното министерство ќе побара за „персона нон грата“ да се прогласат двајца ирански дипломати во оваа земја.

Радончиќ изјави дека барањето ќе биде поднесено бидејќи двајцата Иранци, кои се наоѓаат на служба во амбасадата на Иран во БиХ, не ги почитувале дипломатските правила.

Тој додаде дека Министерството за безбедност на БиХ, наскоро, преку Министерството за надворешни работи и Советот на министри, ќе побара овие дипломати да си заминат од Сараево.

-Тоа ќе го направиме заради тоа што тие не ги почитуваат дипломатските норми и заради најдобриот интерес на БиХ. Останатите причини, не можам јавно, ниту има потреба да ги елаборирам, изјави Радончиќ за „ТВ1“.

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он