Босанка прогласена за најубава природна жена на светот

Од:

Beautiful Women Pedia ја прогласи Босанката Соња Зекиќ за најубава природна жена на светот.

25-годишната Соња која е родена во Жепча, а во последните неколку години живее во Сараево се нашла во конкуренција со 25 девојки од целиот свет во категоријата за „Најубава девојка без фотошоп“, пренесе Аваз.

Таа има прекрасно лице и совршено тело со беспрекорни женски атрибути. Тоа е и причината да стане најубава природна жена за 2013. година. Соња е прекрасна, а убавина како нејзината е се потешко да се најде, бидејќи живееме во светот на измами, генетски модифицирана храна, фотошоп, пластични операции и слично – стои во појаснувањето на Beautiful Women Pedia, портал кој и Аида Џапо од Сараево во еден друг избор ја прогласи за најубава жена на светот.

Соња од својата 18-та година е манекенка. Во Сараево завршила економски факултет и работи во една осигурителна куќа. Досега се појавувала во неколку музички спотови, а меѓу последните е „Калдрма“ каде на сетот се нашла со популарниот Жељко Бебек.

– Мило ми е и уште помило ми беше кога видов дека во конкуренцијата се и девојки кои ги носат ревиите на „Victorias Secret“ – рекла Соња Зекиќ.

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он