Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

Од:

Никој не постигнува успех без да ја признае помошта од другите. Ние самоуверено ја признаваме оваа помош со благодарност. Ви благодариме, ГЕРБ! Благодарност и до сите што нè поддржаа!

Ова на својот профил на Фејсбук го објави Бојко Борисов, поранешниот бугарски премиер, откако првичните резултати покажаа дека неговата партија ГЕРБ освоила 25,8 отсто од вкупниот број гласови на денешните избори за пратеници во бугарскиот парламент.

Изразено во број на освоени мандати, ГЕРБ ќе има 73 пратеници во 240-члениот бугарски парламент, пренесуваат бугарските медиуми.

Втора според бројот на гласови е коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов – 15,5%, партијата на Турците во Бугарија, Движењето за права и слободи, предводено од Делјан Пеевски (ДПС) – 14,7%, националистичка партија Преродба на Костадин Костадинов – 14,2%, Бугарската социјалистичка партија (БСП) – 8,9%, Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов – 6,5%.

Во Бугарија денеска се гласаше и за изборите во Европскиот парламент.

Право на глас на изборите за Националното собрание имаа 6.593.275 гласачи, а за пратеници во Европскиот парламент 6.138.050.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски

Радаковиќ: Евидентирани нерегуларности на неколку избирачки места на северот на Косово

Огромен интерес кај Србите за гласање, гужви на избирачките места

Почнаа изборите во Косово, српската заедница бара да се врати во институциите