Борисов и Мицотакис потпишаа договор за заеднички терминал за течен гас, меѓу потенцијалните корисници и Македонија

Од:

Националниот оператор за природен гас во Бугарија, компанијата „Булгартрансгас“, преку преземени 20 отсто од акциите во грчката компанија „Гастрејд“, учествува во проектот за изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Проектот е најавен како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна Македонија, Романија, Србија, Унгарија, Молдавија и Украина.

Договорот за купопродажбата на акциите и учеството на бугарската компанија денеска беше потпишан во Атина, во присуство на премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, кои ја истакнаа важноста на проектот, како за двете земји, така и за поширокиот регион.

Како што соопштуваат од грчката компанија, „Гастрејд“ создава пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасифкација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.

-Пловната единица ќе се поврзува со националниот систем за природен гас со гасовод во должина од 28 километри, преку кој гасифицираниот течен природен гас ќе се дистрибуира на пазарите во Грција, Бугарија, но и во поширокиот регион, од Романија, Србија и С.Македонија, до Унгарија, Молдавија и Украна, соопштуваат од „Гастертрејд“.

Конкретниот проект го поддржува и дополнува интерконекторот „ИГБ“ меѓу Грција и Бугарија.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната манифестација за вклучувањето на бугарската компанија во проектот рече дека кон крајот на 2022, почетокот на 2023 преку низа интерконектори природниот гас ќе се дистрибуира до Грција, Бугарија и Југоисточна и Централна Европа.

-Придобивките, очигледно, се и геополитички. Со новата оска се постигнува диверзификација на рутите на природниот гас не само за Бугарија, туку и за Централна Европа, која веќе нема да има само еден и единствен извор на енергија. Од друга страна, локацијата на новата станица во Александрoполис ќе го зајакне геополитички карактер, како енергетски центар во пошироката област, рече Мицотакис кој додаде дека пристаништето во Александруполи „беше предмет на војни во минатите векови, а сега е пример за тоа колку далеку може да се стигне со мирниот соживот и економска соработка во корист не само на двата народи, туку и на поширокиот балкански регион“.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов истакна дека заедно со Грција, со голема волја и покрај одредени противења, успеале да стигнат до решение што ги задоволува сите страни, а двете земји придонесуваат за енергетска диверзификација во регионот.

-И мене не ми се веруваше, но работевме до крај и сега даваме можност да се снабдуваме со гас од сите страни на светот, рече Борисов.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина