Борел во Њујорк организираше вечера за лидерите од Западен Балкан

Од:

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јозеп Борел организираше неформална вечера со лидерите на Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН, на која се разговарало за ситуацијата во регионот и односите ЕУ -Западен Балкан, како и за подготовките за самитот ЕУ -Западен Балкан на почетокот на октомври.

„Ова даде можност да се разговара за очекувањата во врска со пристапувањето во ЕУ. Високиот претставник ја истакна потребата од силна посветеност од двата партнери, и од Западен Балкан и од Европската унија, и нејзините земји-членки во надминување на сегашната динамика и придвижување на процесот напред“, соопшти денеска Канцеларијата за надворешни работи (ЕЕАС).

На синоќешната средба присуствуваа претседателите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

Тоа беше втора средба со лидерите на Западен Балкан, организирана од високиот претставник, по неформалната вечера во Брисел во мај, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”