Болсонаро итно ќе набавува израелски спреј за нос, Нетанјаху му кажал дека е „чудо од лек“ против Ковид-19

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека неговата Влада ќе побара дозвола за итна употреба на спреј за нос против Ковид-19, развиен во Израел, што премиерот Бенјамин Нетанјаху го опиша како „лек – чудо“.

„EXO-CD24 е спреј за нос развиен од медицинскиот центар „Ичилов“ во Израел, со речиси 100-процентна ефикасност против Ковид-19 во сериозни случаи“, напиша Болсонаро на Твитер, два дена по телефонскиот разговор со Нетанјаху, кој го нарече „добар пријател“.

„Барањето за анализа на овој лек за итна употреба ќе биде испратено наскоро до (федералниот здравствен регулатор) Анвиса“, напиша Болсонаро.

Медицинскиот центар „Ичилов“ пред две недели објави дека еден од неговите истражувачи извршил фаза 1 – обично прва од трите фази на клинички испитувања – на спреј за нос развиен против респираторни симптоми поврзани со Ковид-19.

Истражувачот Надир Арбер рече дека испрскал 30 пациенти со умерени до тешки случаи на Ковид-19 и дека 29 од нив биле пуштени од болница по три до пет дена.

Но, медицинскиот центар не соопшти дали е даден плацебо препарат на контролната група и сè уште не ги објавил своите откритија во научно списание.

Болсонаро го поддржува и лекот против маларија хидроксихлорокин за борба против Ковид-19, за кој СЗО соопшти дека не помага во намалување на смртноста од коронавирусот.

Тој лично го зеде вториот лек кога беше позитивен на тестот минатиот јули, и покрај тоа што научниците откриле дека двата лека се неефикасни против новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски