Блинкен: Српските и косовските лидери ќе направат тешки компромиси за нормализација на односите

Од:

Српските и косовските лидери ќе „направат тешки компромиси“ со цел да ги нормализираат односите меѓу Белград и Приштина, што ќе донесе безбедност и просперитет за сите граѓани на Западен Балкан, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, честитајќи го Денот на државноста на Србија.

„Во име на САД, сакам да му го честитам на народот на Србија Денот на нивната државност“, наведува Блинкен во соопштението на Стејт департментот.

„Убеден сум дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово ќе донесе безбедност и просперитет на Србија и на сите граѓани на Западен Балкан. Српските и косовските лидери ќе направат тешки компромиси за да ги постигнат тие цели, но наградите за српскиот народ – и целиот регион – ќе биде огромен“, рече Блинкен.

Тој изјави дека САД го ценат стратешкото партнерство што го имаат со Србија со цел постабилна, посигурна и просперитетна иднина за сите граѓани на Западен Балкан, како и дека САД силно ги поддржуваат европските амбиции на Србија.

„Ние сме посветени да работиме со вас и нашите партнери од Европската унија (ЕУ) во постигнувањето на таа важна цел“, рече Блинкен.

Тој апелираше до Србија да ја поддржи Украина против руската „неиспровоцирана, неоправдана и брутална војна“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа