Блиц: Тајната дипломатија на Тито и Ватикан

Од:

Кога беше во негов и во интересот на СФРЈ, Јосип Броз Тито знаеше како да ја прикрие својата комунистичка идеологија.

Тој беше единствениот социјалистички шеф на државата кој допре до Ватикан и без знаење на српската комунистичка партија, кроеше тајна дипломатија со папата Павле VI.

Од втората светска војна и доаѓањето на комунистите на власт во Југославија, се сметаше дека јазот помеѓу Католичката црква и СФРЈ е ненадминлив.

Религијата беше набљудувана како „средство за експлоатација во нападот со угнетените“, додека Католичката црква од друга страна, комунизмот го дефинираше како зло.

Покрај тоа антагонизмот помеѓу српските комунисти и хрватските католици постоел и во СФРЈ, без оглед на комунистичката политика, па поради тоа беше незамисливо југословенските власти да започнат каква било дипломатија со Ватикан.

Целта на Тито беше да ги закопа воените секири со Ватикан, како поради личниот интерес и позицијата на светската политичка сцена, така и поради интересот на Југославија, бидејќи папата со својот авторитет може да спречи хрватската емиграција во светот да дејствува антијугословенски.

Сочуваните архиви, кои публицистот Пеѓа Радосављевиќ ги истражувал и објавил во книгата „Односите помеѓу Југославија и Светата столица од 1963 до 1978 “ ја потврдуваат интензивната тајна дипломатија на Тито и папата.

Се претпоставува дека Тито во тој период повеќе пати се сретнувал со папата Павле VI, но единствена официјалена средба се смета 29 март 1971.

Основата за новиот почеток бил протоколот потпишан помеѓу двете држави во 1966 година, кој практично е и единствен документ помеѓу Србија и Светата столица.

Во тој случај дипломатските односи со Ватикан не биле тајни, бидејќи протоколот морал да помине на гласање во Народното собрание.

Од друга страна Тито водел дипломатија, заобиколувајќи ги инструкциите на дипломатите и Министерството за надворешни работи, кое на сите начини се обидувало да ги спречи средбите помеѓу Тито и Папата.

306552_20121220afpnazarethdi004398285_f

-И покрај се тие се сретнуваа. Остана забележано дека Тито на папата му подари една слика од Мештровиќ, но и самиот доби подарок од папата – изјави за „Блиц“, публицистот Пеѓа Радосављевиќ.

Тој додаде дека во тие средби и двете страни се „бореле“ за остварување на своите цели.
Интересот на Светата столица бил Католичката црква во СФРЈ да добие верска слобода, нејзините празници и обичаи да се почитуваат во атеистичката заедница.

Додека интерес на Југославија бил Светата столица со својот моќ да спречи хрватската емиграција да се прошири во Европа.

285714_120823s1_f

-Ватикан никогаш не водеше класична дипломатија, со цел да го оспори реципроцитетот помеѓу двете држави, напротив беше суптилен, со намера да ги натера државите да им служат на црквите – изјави Радосављевиќ.

Добредојден гост во Рим

-Тито беше добредојден гост во Ватикан. Светата столица на него гледаше, како на клучен човек за состојбата во Југославија. Референтот за ширење на верата во Ватикан, Карло Косел се состана со дипломатот, Стјепан Кумел за да провери дали СФРЈ ќе тргне по истиот пат или ќе сепак ќе го поддржи католичката црква, без оглед на комунистичката политика. Веруваа дека Тито го може тоа – раскажува Радосављевиќ.


Печатот ги забележуваше настаните

Дека првата средба помеѓу папата и Тито вроди со плод, покажуваат насловите во загребачкиот „Вјесник“ и белгардската „Борба“. Во хрватскиот весник стои:

„Првпат во историјата високи функционери на ватиканската држава го пречекале папапиниот службен гост надвор од ватиканските ѕидини“.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска