Блиц: 11 ноември можно е да биде пресуден датум за преговорите Белград-Приштина

Од:

Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз, каде Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот, објави Блиц.

Весникот наведува дека претседателот на Србија ќе има средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а можно е и со претседателот на САД Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, како и со Тачи.

Според весникот, на свеченоста по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна „почеток на патот кон трајно помирување можно е да најдат Србите и Албанците, чија историја на судири е подолга од еден век“. Весникот пренесува и изјави на аналитичари кои тврдат дека вклучувањето на Трамп и на Путин ќе донесе целосно нов формат на дијалогот што би бил поместен од Брисел и би бил извесна мировна конференција.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија