БиХ станува членка на Европскиот механизам за цивилна заштита

Од:

Босна и Херцеговина денеска ќе добие полноправно членство во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, чија цел е итно да се испорача помош во случај на катастрофа, природна или човечка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Договорот ќе биде потпишан денес во Сараево во присуство на еврокомесарот задолжен за Механизмот, Јанез Ленарчич.

До сега Босна и Херцеговина беше само примател на помош од страна на Механизмот, од сега таа целосно ќе учествува и ќе може и самата да нуди помош на земји погодени од било каква катастрофа.

Еврокомесарот Ленарчич изјави дека во овие времиња кога се множат природните катастрофи во Европа и во светот, учеството на Босна и Херцеговина е признание за значајниот напредок на оваа земја во градењето на силен систем за цивилна заштита.

Ленарчич во Сараево ќе се сретне со членовите на претседателството на БиХ и со министрите за надворешни работи, Бисера Турковиќ, и за безбедност, Селмо Цикотиќ.

Освен земјите на ЕУ во Механизмот за цивилна заштита веќе членуваат Србија, С.Македонија, Црна Гора, Турција, Исланд и Норвешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Во куќата на првиот човек на општина Стар Град во Сараево е фрлена бомба

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија