БиХ не е информирана дека САД испраќа обвинители за борба против тероризмот

Од:

Министерството за правда на Босна и Херцеговина нема никакви официјални информации дека САД во 14 земји на Балканот, на Блискиот Исток и во северна Африка ќе испратат 70 обвинители и правни советници кои ќе истражуваат и ќе приведуваат терористи, странски и повратници од Сирија.

Американскиот секретар за правда Ерик Холдер најавија дека САД ќе испратат околу 70 обвинители и правни советници во 14 земји од Балканот, Блискиот Исток и северна Африка, за да им помагат на националните власти во истрагите и изведувањето пред суд на џихадистите кои се враќаат од Сирија.

Соработката вклучува размена на информации, истраги, судско гонење и борба против екстремизмот.

Високо претставник на американското Министерство за правда прецизира дека околу 70 американски обвинители ќе работат во Албанија, во Босна и Херцеговина, во Косово, во Србија и во Хрватска, како и во неутврден број земји од северна Африка и Блискиот Исток, „од Алжир до Мароко, како и во западна Африка“.

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он