БиХ му подари на Ирак над 500 тони оружје и муниција

Од:

Босна и Херцеговина подари над 550 тони оружје и муниција на Ирак, како дел од свои обврски во коалицијата за борба со џихадистичката Исламска држава.

Потегот беше по барање на САД и содржи оружје и муниција произведени пред десетици години кога БиХ беше дел од Југославија.

Со планираната и спонзорирана од НАТО и САД реформа на системот за одбрана на БиХ, државата треба да се „ослободи“ од над 16.500 тони муниција и над 40.000 парчиња оружје.

Според министерот за одбрана Зекерија Осмиќ, огромното количество непотребно оружје и муниција може да се претвори во закана за безбедноста на населението. Тоа е прва испорака на БиХ за Ирак во рамки на коалицијата против Исламска држава. Претходно тие испраќаа непотребно оружје за Ирак и Авганистан додека нивни војници служеа во меѓународните мисии во тие држави.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ