Безбедносни служби на САД: Ниско ниво на ризик од насилство на Балканот

Од:

Во извештајот на американскиот директор на Националните разузнавачки служби Даниел Коатс, во кој се прикажани безбедносните проценки за закани во светот во 2019 година, за Балканот се наведува дека постои ниско ниво на ризик од насилство.

– На Западен Балкан речиси сигурно и понатаму ќе остане некој ризик од ниско ниво од избувнување на насилство и можност од отворен воен судир во текот на 2019 година, се наведува во извештајот.

Во документот се посочува дека Русија и понатаму ќе инсистира да ги искористи етничките тензии и високиот степен на корупција со цел да ја попречи способноста на земјите од Западен Балкан „да се движат напред кон ЕУ и НАТО“.

Во делот што се однесува на безбедносната ситуација во Европа се издвојуваат три проблематични прашања – Западен Балкан, Турција и излегувањето на Велика Британија од Европска унија.

– Регионалните амбиции на Турција, недовербата кон САД и растечкиот авторитаризам на турските лидери ги комплицираат билатералните односи и придонесуваат Анкара да се чувствува поподготвена да ги оспорува американските регионални цели, се истакнува во извештајот.

Во документот најголем дел е посветен на светските жаришта, како што се Сирија, Ирак, Нигерија и заканата од Исламска држава, но и нуклеарната програма на Северна Кореја, всленеското вооружување, оружјето за масовно уништување и друго.

Извештајот за безбедносните закани претставен е на 29 јануари пред Одборот на Сенатот за разузнавачки прашања.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас