Без медиуми на седницата на бугарскиот Совет за безбедност за тензиите меѓу Русија и НАТО околу Украина

Од:

Состанокот на Советот за безбедност што денеска го свика бугарскиот премиер Кирил Петков, на кој ќе се разговара за тензиите околу Украина и плановите на сојузниците на НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата, ќе биде затворен за медиумите, соопшти прес центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заклучоците од средбата ќе бидат објавени по нејзиното завршување.

Претходно бугарскиот премиер Петков изјави дека денешниот совет ќе направи целосна анализа на ситуацијата, врз основа на која ќе се заземе најодговорна позиција во согласност со бугарскиот интерес. Тој нагласи дека сите досегашни активности се темелат на одобрената рамка на Алијансата од 2016 година, а нагласи дека нема вонредна ситуација.

Бугарскиот премиер посочи и дека Советот за безбедност ќе даде препораки до Советот на министри на Бугарија, по што за владината одлука ќе се расправа во Народното собрание на посебна седница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“