Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Од:

Шпанија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана на три проценти од бруто домашниот производ (БДП), изјави европскиот комесар за одбрана Андриус ​​Кубилиус.

Кубилиус во интервју за „Паис“ нагласи дека Шпанија, како членка на НАТО, ќе мора да постави нова цел од три проценти од БДП за одбраната за да се соочи со заканата од руски напади во Европа, објави Ројтерс.

Тој додаде дека одговорност на владата е да најде начин да ги зголеми овие средства во блиска иднина.

Иако Трамп побара сојузниците од НАТО да ги зголемат воените трошоци за дури пет проценти, Шпанија, според премиерот Педро Санчез, објави дека ќе ја постигне целта на НАТО од два проценти од БДП за одбрана оваа година.

Во 2024 година, Шпанија потроши само 1,3 проценти од својот БДП за одбрана, што е најнизок процент меѓу членките на НАТО.

Сепак, во шпанската коалиција, партијата Сумар, која е малцински партнер во социјалистичката влада, се спротивстави на зголемувањето на алокацијата на два проценти, што, според медиумските извештаи, укажува на внатрешнополитички несогласувања во врска со одбранбената политика.

Би можело да ве интересира

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид