Бетонираната хрватска политичка сцена

Од:

Во предвечерјето на решавачкиот втор круг претседателски избори в недела во најмладата членка на Европската унија, Хрватска, се е исто како и досега. Едни против други се исправаат два политички блока кои не се стеснуваат и од удари под појасот за да го ослабна противникот. Од една страна е актуелнот претседател Иво Јосиповиќ, кандидат на владеечките социјалдемократи. Од другата – неговата сопреничка Колинда Грабар Китаровиќ од најголемата опозициска партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Од објавувањето на хрватската независност во 1991 година, повторно и повторно левите се борат против десните. И сега повторно се води лута битка помеѓу двата партиски блока. Двете страни не се штедат едни со други. Зоран Милановиќ, премиер и лидер на социјалдемократите ги предупреди гласачите да се пазат од кандидатот на ХДЗ, која ја нарече лош симбол на корупцијата во висок стил. И навистина, Грабар Китаровиќ како министер за надворешни работи (од 2005 до 2008) беше член на кабинетот на поранешниот премиер и лидер на ХДЗ, Иво Санадер, кој во моментов издржува 10-годишна затворска казна заради корупција.

ХДЗ и нејзината кандидатка за претседател им враќаат на социјалдемократите дека со неспособноста и корупцијата го уништиле локалниот економски систем и неодговорно ја оптовариле земата со долгови. Во последните пет години во Хрватска беше изгубено секое петто работно место. И тоа е причината заради која Јосиповиќ претпочита да се дистанцира од својата Социјалдемокатска партија и да се претставува како независен и надпартиски кандидиат. Прашањето е дали на крај тоа ќе се покаже од полза за него. Уште во првиот круг на изборите, тој имаше минимална предност пред претставничката на ХДЗ, иако на сите анкети му даваа предност од 12 проценти од гласовите.

На крајот решавачки ќе биде кој од двајцата ќе ги привлече на своја страна приврзениците на изненадувачкиот кандииат предизвикувач Иван Вилибор Синчиќ, 24-годишниот „провокатор“ со својата фундаментална критика на политичката и економската врхушка, кој неочекувано доби 16,4 проценти од гласовите во првиот круг на изборите. Мнозинството од неговите избирачи во вториот круг веројатно пак ќе си останат дома и нема да гласаат, како што предвидуваат истражувањата на јавното мислење.

Тоа се „огорчени и разочарани луѓе кои веќе никому не веруваат“, анализираше минатиот викенд загребскиот Јутарњи лист. Стотици илјади од вкупно 3,8 милиони граѓани со право на глас „се одвоија од политичкиот процес затоа што имаат чувство дека не ги претставува ниту една политичка партија и ниту еден политичар“. На првиот круг од изборите гласаа само 47 проценти од бирачите со право на глас, а над 50 проценти воопшто не се појавија на гласачките места.

Овој демократско-политички проблем на Хрватска може да стане актуелен уште на следните парламентарни избори на крајот на годинава. Синчиќ објави дека за прв пат ќе се кандидира на парламентарните избори и ќе ги собере околу себе сите незадоволни. Истражувачите на јавното мислење му предвидуваат уште поголем успех. Така тој може да ја „разбие“ политичката сцена во јадранската земја која е бетонирана речиси четврт век.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски