Берлин и Анкара бараат НАТО да се вклучи во решавање на бегалската криза

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу апелираат за создавање на безбедни мигрантски маршрути кон Европа и за поголема улога на НАТО во борба против илегалната трговија со луѓе, јави ДПА.

– Сакаме да обезбедиме безбедни маршрути, легални маршрути (за беглаците), истакна Меркел.

Таа и Давутоглу наведоа дека планираат заеднички операции меѓу европската гранична агенција ФРОНТЕКС и турската крајбрежна стража со цел да се стави крај на илегалната имиграција.

– Ние се договоривме за борба против кријумчарењето на луѓе, истакна Давутоглу.

Тој додаде дека в четврток ќе се одржи седница на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, во чии рамки „Турција и Германија планираат да иницираат разгледување на проблемот со бегалците со цел вклучување на Алијансата во  тој проблем“.

– Исто така ние заедно ќе се заложиме набљудувачките и контролирачките механизми на НАТО ефикасно да бидат искористени на границата (меѓу Турција и Сирија) и во Егејско Море, наведе Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски