Бериша ги обвини Рама и амбасадорката Ким дека се ангажирани во уништувањето на опозицијата

Од:

Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, обвини дека премиерот Еди Рама и американската амбасадорка Јуриј Ким се ангажирале во сценариото за уништување на опозицијата предводена од него „фаворизирајќи го поранешниот лидер на демократите, Љуљзим Баша, во некои ситуации”.

– Сценариото за уништување на опозицијата, во кое е вклучен Еди Рама, но исто така, на деструктивен начин и Јуриј Ким помина низ три фази. Првата беше ставање на Баша под нивни закрила со процесот кој беше прекинат во Апелација и не отиде до Врховниот суд. За Баша деновиве ја комплетиравме истражната постапка и кажувам дека пари не влегле во касата на ДП. Откако обвинителството го објави извештајот, излезе друг извештај во кој се вели дека Путин и дал пари на Европа, меѓу кои добила и ДП. После тоа бевме принудени да истражиме, но пари во партиската каса не влегле, рече Бериша.

Втората фаза, додаде тој, беше да се удри врз човек кој има морален авторитет( мисли на себе си) и тоа “беше решено со прогласување нон грата”.

-Јуриј Ким оди во канцеларијата на Рама и му вели дека треба да му помогнеме на Љуљзим Баша. Јуриј Ким целата своја надеж ја има во Џорџ Сорос. Јуриј Ким со сите сили се обидува да влијае и врз одлуката која Апелацискиот суд треба да ја донесе на 3 март, за тоа кој е наследник на Демократската партија. Основниот суд донесе одлука за нас, нема друга алтернатива, рече тој.

Токму прашањето кого Апелацискиот суд ќе одлучи да го прогласи за наследник на логото, печатот и знамето, според Бериша, е третата фаза од сценариото.

– Основниот суд ја даде одлуката за нас, нема друга алтернатива. Апелацискиот суд ако го применува законот има само една алтернатива а тоа е дека ние сме законските наследници на ДП. Не можам да обвинам некого, но ги знам напорите што се прават, рече Бериша.

Тој најави протест на 3 март, кога Апелација треба да ја донесе одлуката, а повика на масовност на утрешниот протест пред парламентот во 10 часот за кога е закажана пленарна седница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски