Бериша експресно им најде замена на министрите од партијата на Мета

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша, експресно најде замена за министерите од партијата Движење за социјалистичка интеграција на Илир Мета, кој донесе одлука да ја напушти Владата и да се приклучи кон обединетата левица за престојните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Тирана.

Нов шеф на албанската дипломатија ќе биде Алдо Бумчи, актуелен министер за култура, млади и спорт. Тој доаѓа на местото на Едмонд Панарити, додека на местото на Бумчи доаѓа познатиот писател Висар Жита.

Познатиот албански лекар Халим Косова ќе биде министер за здравство на местото на Вангел Таво, додека Флориоан Мима ќе биде прв човек на Министертвото за економија, трговија и енергетика. На ова како и на вицепремиерското место до сега беше Едмонд Хаџинасто. Сеуште не е познато кој ќе го добие вицепремиерското место во Владата.

Предлогот на Бериша ќе му биде доставен на претседателот Бујар Нишани кој треба да потпише указ, а гласањето на новите министри во Парламентот ќе биде утре.

Претходно Бериша изјави дека заминувањето на партијата Движење за социјалистичка интеграција од владината коалиција, не значи дека Владата ќе падне, а на социјалистите им порачал да не се надеваат на техничка влада, која ќе ги спроведува изборите, како што тие планирале.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент