Бериша доби противкандидат за лидерската функција

Од:

Официјално, Ибсен Елези ќе биде единствениот противкандидат на историскиот лидер Сали Бериша, во трката за функцијата претседател на Демократската партија, избор што го спроведуваат приврзаниците на Бериша.

-Во трката за претседател на ПД формулар доставија двајца кандидати, Сали Бериша и Ибсен Елези. Документите Елези ги достави до изборна комисија пред два дена, бидејќи во сабота, 7 мај, беше крајниот рок за поднесување на формуларите. Бериша тоа го стори неколку дена претходно, информираше изборна комисија на крилото што го предводи Бериша.

За функцијата претседател на Демократската партија се кандидираше и демократот Едвин Кулури, кој пред неколку дена се повлече од трката.

Ибсен Елези, експретседател на партискиот огранок за Кукс, се кандидираше и на изборите во јуни 2021 година, кога беше реизбран Љуљзим Баша, но кандидатурата не му беше прифатена од партиското претседателство. Елези беше кандидат и за Националниот совет на Демократската партија, но не ја доби поддршката, а неговиот брат Ирел Елези се повлече од трката за претседател на огранокот на ПД во Кукс.

Бериша претходно изјави дека неговата цел е повторно да го преземе раководството на Демократската партија, но доколку, нема противкандидати, на гласањето на 22 мај, изборот може да оди на референдум.

И покрај најавите за обединување на партијата, која минува низ најдлабоката криза, двете крила се повеќе се оддалечуваат. Другото крило на партијата, кое е запишано во судот во Тирана го предводи вршителот на должноста претседател на ПД, Енкелед Албеај, откако Баша се повлече од функцијата. Како официјален претставник на партијата го признава и Социјалистичката партија, која го покани на разговорите за кандидати за иден шеф на државата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on