Белград ќе организира официјален пречек на новата 2021 година

Од:

Заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ денеска изјави дека градот ќе организира новогодишен пречек и дека во наредниот месец ќе бидат познати повеќе детали за тоа како ќе изгледа прославата за време на епидемијата на коронавирусот, која ќе може да се следи преку социјалните мрежи.

Како што објави Блиц, Весиќ на прес конференција рече дека бројот на луѓе и организацијата на пречекот на Новата година ќе зависат од епидемиолошката состојба и мерките што ќе бидат во сила.

– Белград нема да се откаже од организирање на новогодишната прослава, бидејќи тоа е белградски бренд. Во следниот месец, ќе се подготвиме за таа организација, а како ќе изгледа, зависи од епидемиолошките мерки, рече Весиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски