Беќи: Албанија ги почитува другите држави и граници

Од:

Целосно го почитуваме суверенитетот на другите држави и постоечките граници, а сите други идеи и расправи на темата за промени на границите ги сметаме за обични шпекулации, изјави албанскиот амбасадор во Црна Гора Тонин Беќи.

Беќи го коментираше пишувањето на медиумите за започнување иницијатива за создавање „природна Албанија“, која ќе ги обедини сите Албанци во голема држава.

– Нема да ги коментирам идеите, мислењата, ниту проектите кои ги разгледуваат приватни лица и групи индивидуи, бидејќи за остварување на нивните идеи не постои поддршка од јавното мислење, истакнува Беќи, додавајќи дека стремежот на луѓето од Албанија и Албанците во регионот е европската интеграција.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент