Беговиќ: БиХ ќе направи се за да се дојде до вистината за загинувањето на Трајковски

Од:

Органите на Босна и Херцеговина се многу заинтересирани и ќе направат се од своја страна да дојдеме до целосна вистина околу случајот со загинувањето на претседателот Борис Трајковски, вели босанскиот амбасадор во Македонија Здравко Беговиќ повикувајќи ги сите што имаат некакви докази да ги предадат.

 – Ја користам и оваа пригода да ги повикам јавноста на Македонија, релевантните институции и истакнатите поединци кои имаат какви било информации да ги достават или преку Амбасадата на Босна и Херцеговина во Македонија или директно на овој тим, кој ќе работи врз расветлувањето на дополнителните информации за овој случај како конечно да го симнеме ова прашање од дневниот ред и да дојдеме до вистината, изјави Беговиќ во интервју за Македонското Радио.

Беговиќ потенцира дека во интерес на органите на Босна и Херцеговина е да се избегнат какви било манипулации и конечно да се стави точка врз овој случај.

Босанскиот амбасадор информира дека новоформираниот тим за повторување на истрагата, кој има претставници од Америка, Германија, Хрватска, Србија, Македонија и од БиХ, ќе направи свој план за работа и ќе ги преземе сите мерки и дејства што евентуално би можеле да дадат нова светлина врз решавањето на овој случај.

– Значи, за деталите се разбира дека ми е тешко да зборувам, бидејќи не сум специјалист за тој вид проблематика, но она што го имам како уверување од релевантните институции и поединци од БиХ е дека сите оние моменти, сите оние докази што ќе бидат доставени, сите оние факти ќе бидат земени предвид за да се дојде до целосна вистина. Според тоа, во тој процес апсолутно нема никакви ограничувања и уште еднаш изразувам подготвеност и ангажираност на органите на БиХ да се дојде до вистината, вклучувајќи можеби и некои нови моменти и некои нови факти кои во овој момент не ги знаеме, но ќе ги дознаеме во наредниот период за време на активностите, односно за време на работата на овој тим за решавање на овој случај, рече Беговиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска