ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Од:

Делегација на Република Северна Македонија во која како претставничка на Владата беше Славица Грковска, заменичка на претседателка задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Северна Македонија и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, во која загина поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување, како и екипажот на авионот.

На одбележувањето на 18-годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина.

Во рамките на пригодните активности на Владата на Република Северна Македонија во знак на одбележување на 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, во Бутел во Скопје, положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Како дел од овие активности, на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа.

И Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Партиска делегација предводена од Вангел Андрески, орагнизационен секретар на СДСМ, Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје, и Александар Саша Димитријевиќ од СДММ, во името на СДСМ положија свежо цвеќе и оддадоа почит на вечното почивалиште на Претседателот Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска

Владини делегации положија цвеќе на гробот на Трајковски во Скопје и на спомен обележјето во Струмица

Ана Ололовска