Баша: Рама, Тахири и Џафај главна пречка во интеграцијата на Албанија во ЕУ

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека министерот за внатрешни работи на Албанија, Фатмир Џафај, треба под итно да замине од Владата, доколку земјата сака „да стане дел од Европа“.

– Доколку ја сакаме Европа. Фатмир Џафај треба час поскоро да си замине од Владата. Итно е, изјави Баша на прес-конференција во седиштето на Демократската партија.

Според него, албанскиот премиер Еди Рама, поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и актулениот Џафај, се главна пречка во интеграцијата на Албанија во ЕУ.

Баша истакна дека почетокот на преговорите и интеграцијата на Албанија во ЕУ не е работа на рекламиње и лобирања, туку вистински процес на европско однесување.

– Досегашната стратегија на Еди Рама преку создавање лажна фасада дека наводно нештата одат на добро, не успеа. Фасадата паѓа и сега Владата е соголена пред светот. Денес не поминуваат лагите, измамите и обвинувањата кон другите. Пораките дека Албанија не исполнила ни еден услов за започнување преговори, дека Тахири е „големата риба“, дека Џафај треба да си замине, се вистинското огледало на состојбата во Албанија, оцени Баша.

Затоа, според него, изборот што го имаат албанските граѓани е јасен.

– Саимир Тахири треба да биде онаму каде што им е местото на шверцерите. Ако ја сакаме Европа, Фатмир Џафај треба да се замине под итно. Ако ја сакаме Европа треба да се бориме, а не да ја заштитуваме корупцијата и криминалот и да ставиме крај на политичката заштита која Рама ја прави за Саимир Тахири, порача Баша.

Лидерот на демократите исто така побара изборни реформи, со кои, како што рече еднаш засекогаш ќе се стави крај на купувањето гласови.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент