Баша: Ова е исклучително тешка ситуација, Бериша се обидува да ги врати сцените од 1997 година, но нема да не исплаши

Од:

По насилното влегување во партиското седиште, попладнево, од страна на историскиот лидер Сали Бериша и негови приврзаници, се огласи и актуелниот лидер Љуљзим Баша, кој на прес-конференција рече дека ова е настан без преседан.

Не штедејќи ги обвинувањата против Бериша, Баша го нарече екскомунист, притоа обвинувајќи го дека со себе во штабот донел луѓе со криминално досие.

-Ова е исклучително тешка ситуација. Се соочивме со луѓе со криминални досиеја кои ги донесе Сали Бериша, потсетувајќи не на 1997година, со однесување на комунист. Тој се обидува да ги врати сцените од таа мрачна година, кога земјата беше во целосен хаос. Со сите измами и лаги и со мртва надеж дека може да ја земе ПД како заложник или да ги претвори нон грата како него и неговото семејство од САД. Ова беше грд спектакл од минатото, рече Баша.

Според него причина за ваквото однесување добро се знае и оти Бериша „тргнал по пат од кој нема враќање“.

-Како поранешен комунист се обидува да ја скрши ПД за свои интереси. Останавме смирени додека бевме на работен состанок со Форумот на млади. Решивме да не станеме плен на провокација бидејќи за нас приоритет се Албанија и ПД. Бериша се обидува да ја уништи партијата бидејќи повеќе не може да ја користи. Ова е изгледот на губитник кој се обидува да излезе како победник. Она што го направи денеска е рута без враќање што ја избра. Бериша како поранешен комунист е спремен да ја скрши ПД само заради негов личен интерес, рече тој.

Според Баша, нервозата кај Бериша уште повеќе ќе се зголемува и го повика да се повлече заради почит кон демократите, зашто од неговото однесување „полза има само Рама“.

Исто така, тој му порача дека „одговорот ќе го добие на 18 декември“, кога ќе се одржи Национално собрание на партијата.

Тој испрати порака и до „останатиот дел од Бермудскиот триаголник“, во кој, според него, се и премиерот Еди Рама и претседателот Илир Мета, велејќи дека „нивното однесување нема да ме заплаши, туку е поттик да ја забрзаме работата до рушење на нарко власта, Бериша и неговите горила“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски