Баша: На плоштад се додека не си замине Рама

Од:

На денешниот, 24-ти ден, од протестите на албанската опозиција, лидерот на најголемата опозициска сила Демокатската партија, Љуљзим Баша, порача дека на плоштад ќе останат се додека не си замине премиерот Еди Рама и неговата „корумпирана влада“.

Коментирајќи ја смената на четворица министри во Владата, Баша рече дека останува и понатаму барањето на демократите а тоа е “гарантирање слободни и фер избори преку техничка влада со широка политичка поддршка“.

Тој при тоа ги обвини сменетите министри за внатрешни работи СаимирТахири и за здравство Илир Беќја,првиот за „канабизација на земјата“ а вториот за насочување на парите од даноците на граѓаните, наместо за нивното здравје, во „џебовите на неколку олигарси“ директно поврзани со власта.

Баша посочи дека во новата Република опозицијата ќе има нова улога.

– Во новата Република,новата опозиција ќе има света улога на контрола и ограничување на власта на новото мнозинство,преку институционалните права,преку Парлемент кој ќе функционира,преку Уставот кој овозможува контрола и реален баланс на власта,вистинско претставување на граѓаните.Тоа е задача на новиот Парламент во новата Република,-изјави Баша.

Опозицијата протестите ги почна на 18 февруари со барање формирање техничка влада,која ќе спроведе слободни и фер избори. Во спротивно таа најави бојкот на парлемантарните избори закажани за 18 јуни.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент